Николас Мадуро: ЕУ да си гледа во својот дом пред да и се меша на Венецуела

Оваа недела, ЕУ објави формална осуда на Р. Венецуела и нивната одлука да дисквалификуваат еден од фаворизираните кандидати на Западот за претседателските избори во 2024 година. Поточно, ЕУ ја критикуваше одлуката да и се забрани на Марија Корина Мачадо да се кандидира за јавна функција.

Марија Корина Мачадо изби на политичката сцена во 2005 година кога Џорџ Буш ја покани во Овалната соба и ѝ даде потврда да ја води опозицијата против тогашниот претседател Хуго Чавез

ЕУ ја истакна својата длабока загриженост за одлуките кои ги спречуваат членовите на опозицијата да ги користат нивните основни политички права, мислејќи конкретно на Марија Корина Мачадо, додавајќи дека одлуката „само ќе ја продлабочи долгогодишната политичка и социјална криза во Венецуела“.

Како одговор на ова, претседателот Николас Мадуро не ја советуваше Европа како да си ја реши сопствената криза, туку нагласи: „ ЕУ сакаат да посеат смртоносен отров на фашизмот, на омразата, на конфронтацијата, преку социјалните мрежи. Плаќаат милиони за да се сее омраза, милиони за да се стават канџите врз нашата земја која сакаат да ја предадат на американската империја и на старите европски расисти и колонијалисти“.

Одлуката да и се забрани на Марија Корина Мачадо да се кандидира за јавна функција не беше донесена оваа недела, туку во 2015 година. Корина Мачадо не беше дисквалификувана од политички причини како што ЕУ погрешно имплицира. Таа доби забрана откако не го откри својот извор на приход, законски услов за сите кои бараат јавна функција.

Административната одлука во Каракас не би требало да ги буди страстите во Брисел или Вашингтон, но ако се разгледа минатото на Корина Мачадо се открива зошто Западот е толку заинтересиран да ја поддржи нејзината кандидатура во Венецуела. Таа првпат изби на сцената во 2005 година кога Џорџ Буш ја покани во Овалната соба и ѝ даде потврда да ја води опозицијата против тогашниот претседател Хуго Чавез. Таа потоа стана поборник за бојкот на националните избори, став од кој се откажа по неговиот очигледен неуспех. Потоа, за време на обидот за државен удар во 2019 година, таа стана водечки глас кој повикува на странска воена интервенција против нејзината земја за да го смени претседателот Мадуро. Нејзината близина со западните влади и флагрантното непочитување на суверенитетот на Венецуела ја прави совршен кандидат на Западот.