(Видео) Апасиев: Со двоцифрен број пратеници Левица ја одзема моќта на уценување од ДУИ

  • Изјава на: Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица во ,,Аргумент плус’’ на ТВ 24.

„Да не беше Левица со двајца пратеници внатре, до сега ќе поминеа и уставните измени. ДПМНЕ си пукаше во нога со прифаќање на концептот за широка влада. Кога ќе отидете со вашиот крвен политички непријател во една влада, кој останува алтернатива, освен Левица?!

Тезата на Мицкоски е налудничава – „дајте ни 61, сѐ под тоа ќе биде историски пораз“. Обратна е тезата – на овие избори, кога и да бидат, пораз за МАКЕДОНСКИОТ народ ќе биде ако му даде 61 пратеник на Мицкоски, односно ДПМНЕ.

Не заборавјте, ДПМНЕ со 61 пратеник ги амнестираа хашките случаи; не успеа да спроведе попис… Дадете ли сега 61 пратеник на ДПМНЕ, крстете се, ја нема Македонија.

Оттука, нашата теза е дека Левица мора да добие двоцифрен број на пратеници за моќта на уценување од ДУИ конечно да премине во МАКЕДОНСКА партија којашто ќе ги држи националните интереси како приоритет. Таа партија во моментов е само ЛЕВИЦА.“