Апасиев: Македонски народе, не паѓај во духот! Овие квислинзи ќе завршат на буништето на историјата

  • Политичката партија Левица објави моќно видео со силна порака од завршната поента од говорот на Претседателот Димитар Апасиев, на собраниската Комисија за уставни измени. Главната порака во видеото беше Апасиев: Македонски народе, не паѓај во духот! – Овие квислинзи ќе завршат на буништето на историјата! Во прилог ви го пренесуваме ова видео и текстот од говорот на Апасиев:

Сега доаѓаме, и со тоа ќе завршам, на историската улога на левицата во процесот – не само на нас како Левица, туку општо на левицата. Се наоѓаме во момент на идеолошки банкрот на буржујските партии, и оттука историска нужност е појавувањето на нова левица, бидејќи историски се покажало дека самоорганизираната работничка класа е државотрворната. Не овие корумпирани елити, не овие бизнисмени, не овие недоквакани нереализирани професорчиња, само работничката класа е државотворна!

Тоа го покажавме на АСНОМ, тоа ќе го покажеме пак. Почитуван Премиере, децата на транзицијата која вие ја започнавте за да не ограбите, пораснаа и ви дишат во врат. Сега сме двајца, но на следните избори ќе бидеме двоцифрен број. Ние тоа го правиме, конечно сме внатре и инклинираме кон македонизмот.

Да не беше Левица се досега ќе шитнавте – поради нас повторно македонскиот патриотизам е кул. Левица е новата генерација на македонските неподмитливи политичари која ја воскресна чистата совест на нацијата. Затоа, Левица ќе ви пресуди вам како социјалдемократи на наредните избори. Ние повторно ќе ја воскреснеме Републиката – затоа македонски народе, не паѓај во духот!

Овие квислинзи ќе завршат на буништето на историјата, додека некои од нив и во затвор, верувајте. Повторно ќе се роди новото сонце на слободата, а уставни измени нема никогаш да има!