Аврамоска: Глорификацијата на фашизмот преку бугарските културни клубови, се промовира како европска вредност

  • Фејсбук статус на Виолета Аврамоска – Советник од Левица во Општина Охрид

На 07.10.2022 година, во петок, во Охрид најавено е отворање на бугарски клуб Цар Борис III, во трговскиот центар Амам.

Да се потсетиме кој бил цар Борис III, во бугарската историографија познат како цар обединител, бидејќи во соработка со Силите на оската, Бугарија ја проширил во границите на Санстефанска Бугарија.

Цар Борис III го наследил престолот по абдикацијата на татко му. Исто како и неговиот татко, тој водел прогерманска политика. Ја приклучил Бугарија кон Тројниот пакт. Бугарската фашистичка војска извршила окупација врз Македонија и бројни убиства и ѕверства врз недолжното македонско население. Фашистичка Бугарија за време на владеењето на Цар Борис III, извршила депортација на голем број македонски Евреи во концентрациониот логор Треблинка.

Со отворање на бугарски културни клубови кои носат имиња на озогласени фашисти и крвници на македонскиот народ, се врши глорификација на фашизмот и повампирениот фашизам на голема врата се промовира како една од т.н европски вредности.