Стојаноска од ДПМНЕ наплатила шест илјади евра за патни трошоци, а има четири станови во Скопје

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска наплатила шест илјади евра за патни трошоци, додека во нејзиниот анкетен лист се пријавени четири станови само во Скопје. Ова го соопштија на социјалните мрежи од „Трета опција“.

Дафина Стојаноска од ДПМНЕ наплатила шест илјади евра за патни трошоци, а во анкетниот лист има четири станови во Скопје! Уште недојдени на власт, ДПМНЕ гледа да исцеди народни пари како знае и умее! – Стои во нивната објава.

Ваквиот расипнички однос на партијата која е уверена дека после наредните парламентарни избори ќе дојде на власт, додека паралелно за да седне во фотелја дури и јавно ја обелодени широката коалиција со СДСМ, дополнително ги буди подзаборавените сеќавања на граѓаните од времето на груевизмот, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, преку наплаќање патни трошоци од грбот на граѓаните ги градеа своите имотни империи.