УЧКур култура

Пишува: Игор Смилев, Координатор на Левица – Зелен сектор и претседател на еко-здружението „Грин Пауер“.

Учкур е турцизам одомаќинет во македонскиот литературен и разговорен јазик и обично означува подолга врвка за врзување на гаќи. Иако учкурот во денешно време ја губи битката под налетот на софистицирани држачи за гаќи направени од пластика, силикон, гума па дури и од метал, терминот учкур има извонредна примена во детерминирањето на некои човечки особини, кои не би можеле да добијат свој синоним во ниту еден друг термин освен во учкурот.

Кога би требало да направам споредба за раритетна учкур особеност, позната и достапна на сите, недвојбено би го избрал Господин Таљат Џафери како прототип на изворното значење на терминот учкур.

Спикерот на македонското Собрание, претходно познат како дезертерот од Форино, Претседателот без записник, борецот за човекови права што се вознемирува од апокалиптичните слики на Киев, а истовремено покажува желудник и издржливост пред со нож исшараните грбови на работниците во Маврово со право го заслужува епитетот УЧКур на македонската политичка сцена.

Фатен за гаќите на неспособниот Таче Ковачевски, Таљат Џафери се обидува да го преживее последниот монструозен скандал, незапаметен во македонската политичка сцена, во кој сочно и со поприлична вдахновеност ги пцуе своите хиерархиски подредени службеници. Поради сигурност, УЧКурот Џафери цврсто се држи и за зелените гаќи на неговиот неприкосновен лидер Али Ахмети, знаејќи ја народната мудрост „за други гаќи фаќај се, но старите не ги пуштај“.

И додека Таљат чека да помине време и пцуењето да биде покриено од забот на заборавот, а народот да потоне во попаметни размислувања за тоа како ќе се преживее секојдневието во кое зејтинот е 150 денари, а цената на горивата достигнуваат вселенски височини, во Македонија се случува нов парадокс.

Покрај тоа што вработените во Собрание мудро молчат за искастрените мајки, сестри и женска челад во фамилиите, а Таче не можел да слушне затоа што не се гледало, зачудува фактот што молчи и Уранија, молчи и боранија, молчи и првиот помеѓу европејците господин Гир, молчат дежурните апологети на идиотските политики, молчат дебелите аналитичари, молчат омбудсманите, министрите, позиционите пратеници. Молчат од две причини.

Или Таљо Џафери е новото рално во македонскиот парламент или им е страв самите да бидат испцуени, знаејќи дека во Македонија се што е поврзано со ДУИ останува неказнето.

Тука доаѓаме до одговорот зошто, продаденото македонско општество молчи за мизерните навреди на првиот меѓу еднаквите кон своите колеги во парламентот. Сите гореспоменати молчат од УЧКурни причини, бидејќи сите тие заедно се како учкур закачени за гаќите на раководителката од Кале.

За жал, СДС и ДПМНЕ создадоа општество во кое учкурот на амбасадорот на САД во Македонија е повреден од дигнитетот на обичните собраниски службеници. Ако сакате да ги промениме нештата – ОТКАЧЕТЕ ГО УЧКурот.