(ВИДЕО) Мециновиќ: Бугарија се поткусурува со Македонија за внатрешни апетити

Во дебатната емисија на Канал 5 телевизија Само вистина, вчера гостуваше Амар Мециновиќ, Портпаролот на Политичката партија Левица, кој воедно е и советник во Град Скопје. Во текот на емисијата Портпаролот на Левица изнесе до јавноста дел од ставовите на партијата по однос на актуелните случувања.

Едно од прашањата упатено кон Мециновиќ беше и актуелниот спор со Бугарија и какви се размислувањата по ова прашање, при што Мециновиќ одговори:

Мораме да одговориме на прашањето кој преговара моментално, преговара владата на СДСМ, преговара бугарскиот државен врв и тука како нели како трет елемент, Eвропската Унија која поминува низ многу специфична етапа политички. Владата на СДСМ, ако мислиме рационално, дека на СДСМ изгледите на избори им се ужасни, плус дополнително се соочуваат со феноменот на пасокизацијаи на промена на рамнотежата во левото гласачко тело и ако веќе тие се дефинираа според цел за европска иднина, тогаш знаеме дека тие се апсолутно спремни се да прифатат. Затоа што тоа ќе биде нивното оправдување, тоа им е последната сламка за спас.

Зошто не прифатија до сега? (алудирајќи на прифаќање на сите барања поставени од страна на Бугарија) , продолжи Видиновски.

Затоа што Бугарија има се поголеми апетити, затоа што Бугарија го гура тоа натаму. На Европската Унија истото тоа и се случи и тоа беше надворешната политика. Европа поминува низ период каде што пробува да се консолидира како геополитички локус како центар на моќ и за тоа ни е очигледно при првите 6 месеци на претседателството на Франција. Затоа што Франција и Германија како две најголеми економии во Европа на нив им е од интерес европскиот континент да биде обединет во федерални заеднички цели.И сега имаше на 25ти март на самитот на европскиот совет се постави рамката за стратешкиот компас, тоа е за формирање на безбедносни сили на Европа, а и посебно дополнитело се разговара за тргање на правото на вето, која во иста позиција ги става националните над федералните интереси.

Во однос на правото на вето, Мециновиќ додаде:

Апсолутно ние секогаш не собира тој институт, право на вето и правото на вето е следната кочница Европа да има хомогенизирана надворешна политика и тие националните држави тоа право на вето го парадираат и го користат многу пати за да го стимулираат политичкиот дискурс внатре, а Бугарија тоа го прави. Бугарија се подкосурува со Македонија за внатрешни апетити.