Дачиќ: Благодарам на Палестина за нејзиниот принципиелен став по прашањето за Косово
Првиот потпретседател на Владата на Србија и Mинистер за надворешни работи Ивица Дачиќ синоќа на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека министерот за надворешни работи на Палестина Ријад Ал-Малки и во таа прилика му се заблагодари за неговиот принципиелен став кога е во прашање непризнавањето на независноста на Косово.
Како што се наведува во соопштението на МСП, двајцата министри се согласиле дека билатералните односи меѓу двете земји се добри, дека постои традиционално пријателство, нагласувајќи дека за ваквите односи придонесуваат и меѓусебната поддршка на меѓународните форуми и организации.
„Соговорниците изразија желба да се зачува континуитетот на политичкиот дијалог, пред се преку редовна размена на посети на високо ниво. Дачиќ ја искористи можноста уште еднаш да изрази благодарност до Палестина за нејзиниот принципиелен став во однос на непризнавањето на независноста на Косово“, се вели во соопштението на МНР.