Изложба на фотографии – „Над кулисите“ на Александар Томовски во црквата „Света Софија“ во Охрид

Во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид вечерва Александар Томовски, ќе ја отвори својата изложба на уметнички фотографии „Над кулисите“.

Изложбата, што е наменски направена за Охридско лето, се состои од 12 фотографии инспирирани од балетската игра, кои ќе бидат изложени само вечерта. 

„Над кулисите“ (Above the curtains) претставува колекција фотографии која во континуитетот го следи авторот и неговите фасцинации од сцената на Националната опера и балет; доближувајќи нѐ до балетот и балерините во „Зад кулисите“, за преку „1001 приказна“ да долови широк спектар од оперската и балетската, како и музичката дејност која се создава во рамките на Националната опера и балет, и преку „Над кулисите“  да пренесе една уникатна перспектива, која од несекојдневна гледна точка ја пренесува сцената и сценските уметници доловени од птичја перспектива.