Вучиќ: Африка е стратешки партнер на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека за Србија е стратешки важно да има присуство на африканскиот континент затоа што Африка ја гледа како стратешки партнер во иднина и дека благодарение на нејзините пријатели од Африка и Азија, ја добила организација на ЕКСПО 2027 година.

t


На српско-угандскиот форум во Палатата Србија, Вучиќ рече дека Србија е дел од Движењето на неврзаните и дека се горди што се дел од таа страна на историја, како и дека е горд што е гостин на претседателот Мусовени, но и на Движењето на неврзаните на 19 и 20 јануари 2024 година.


„Тоа е извор на политичко пријателство за нас, но ако сакате, за оние кои често го потценуваат во Европа, тоа е и извор на политичка сила. Да не беа нашите африкански пријатели, да не беа нашите пријатели од Уганда немаше да можеме да организираме ЕКСПО 2027. Вака ги добивме оние кои вложија десет пати повеќе пари. Ги добивме токму благодарение на тие историски пријателства што ги изградивме со нашите пријатели во Африка и Азија и ќе продолжиме да го направи тоа“, рече Вучиќ.Sha