Тамара Јованов: Да бевме деца, уцените на ЕУ ќе ги наречевме булинг

  • Став на Тамара Јованов – Апасиева – Професорката на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – во Штип, по однос на најавувањето на нови уцени од страна на Бугарија и ЕУ кон Македонија и вршењето на притисок за уставни измени од страна на ЕУ дипломатите

Да беа ЕУ и Македонија деца, уцената на ЕУ ќе ја наречевме булинг, малтретирање. Ќе алармиравме јавност, медиуми, психолози, педагози, ќе вриштевме дека не смее да се случува; дека мора да запре! Како ја нарекуваме сега? Реал политик?! Реал (реална) политика е само фенси назив за оправдување на насилието на посилниот.

И некако, голем дел од луѓето го прифаќаат ко нормално? Ко неизбежно? Доста е! Не е нормално! Не е неизбежно, напротив, само е прифатено и дозволено! Насилието, без оглед кој го прави – деца, возрасни или нации, треба да запре!

Пс. ЕУ има класична тврда позиција на преговарање (со притисок и уцени), а нашите власти – класична мека позиција на преговарање (прифаќање притисок и отстапување пред уцени). Меката позиција СЕКОГАШ губи пред тврдата.

Додека не се најде на власт некој кој умее мудро да преговара (со заштитување на нашите интереси и умешност да издејствува различни предлог решенија за прашањава), темиве треба да се стават на пауза!