Член на ИК: ВМРО-ДПМНЕ не е против Бугари во Уставот
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски во своето гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител истакна дека неговата партија не е против влез на Бугарите во Уставот и останатите малцинства.
Jaс деновиве неколку пати кажувам, ВМРО-ДПМНЕ не е против Бугари во Уставот, како што не е против Хрвати во Уставот. Многумина од етничките Бугари во Македонија, без разлика дали се македонски од Источна Србија или Бугарија тие се лојални граѓани на Македонија. Пендиков не е Бугарин тој е криминалец, вели Клековски.
За Клековски и неговата партија проблем било тоа што внесувањето на Бугарите во Уставот го разбирале како уцена.
Прашањето е дека е барање под уцена и диктат. Хрватите ќе ги внесеме во Уставот никој не прави проблем за Хрватите во Уставот дури ги заборавивме во дебата, додаде тој.