(Видео) Руската Дума изгласа ЗА „присоединување“ на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје кон Руската Федерација!

Руската Државна Дума денес изгласа ратификација на договорите за влегување на Доњецк, Луганск, Херсонската и Запорожската област во составот на Руската Федерација како нови ентитети во Федерацијата.

Претходно во четирите, сега веќе поранешни, украински региони беа спроведени референдуми во периодот од 23 до 27 септември на кои со над 90% населението одлучи дека сака да стане дел од Русија.

Неколку денови по референдумите, рускиот претседател Владимир Путин на официјална церемонија во Кремљ ги потпиша договорите со лидерите на четирите региони, за стапување во Руската Федерација, а се чекаше само одобрувањето од Државната Дума.

„Денеска потпишуваме договори за прием на Доњецката Народна Република, Луганската Народна Република, Запорожската и Херсонската области во состав на Русија. Сигурен сум дека Федералното Собрание ќе ги поддржи уставните закони за прием и за формирање во Русија на четири нови региони, четири нови субјекти на Руската Федерација, бидејќи тоа е волја на милиони луѓе,“ – кажа рускиот Претседател на церемонијата

Земјите од колективниот Запад и Европската Унија а осудија „анексијата“ на четирите региони од страна на Русија.

Дополнително, поранешниот Претседател на Руската Федерација, Дмитриј Медведев изјави дека по ваквиот чин напад на регионот ќе се смета за напад на суверена територија на Русија и дека државата ќе одговори со сиот потенцијал за заштита на новите ентитети.

Видеото од целата Седница можете да го проследите овде.