Јавниот долг на Македoнија пораснат за над 330 милиони евра

Во последниот годишен извештај за управување со јавниот долг, доставен до пратениците, се наведува дека државниот долг на Македонија на крајот на 2022 година изнесува 6.581,1 милиони евра, односно 51 отсто во однос на БДП, што претставува намалување од 1 процентен поен во однос на претходната година.

„Јавниот долг на Макеоднија на крај на 2022 година изнесувал 7.702,9 милиони евра, однсоно 59,7 отсто во однос на БДП што претставува намалување од 1,3 проценти поени во споредба со крајот на 2021 година. Од мај 2019 година во јавниот долг се вклучи и негарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерски друштва основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и град Скопје. Негарантираниот долг додаде 0,5 процентни поени во вкупниот јавен долг на крајот на 2022 година. Надворешниот јавен долг изнесува 5.055,5 милини евра, додека внатрешниот јавен долг изнесува 2.647,4 милиони евра“ – се наведува во извештајот доставен во Собрението.

Како што се наведува во извештајот, надворешниот државен долг на крајот на минатата година изнесува 3.983,7 милиони евра и во однос на претходната година е зголемен за 334,8 милиони евра, додека внатрешниот државен долг изнесува 2.597,4 милиони евра, што претставува зголемување за 166 милини евра во однос на претходната година.

Што се однесува пак до валутната структура на државниот долг, на крајот на 2022 година доминатно учество има долгот во евра кој учествува со 68,8 отсто во вкупното портфолио и има намалување за 0,6 процентни поени во однос на 2021 година. Долгот во домашната валута во истиот период се намалува за 0,22 проценти проенти, односно од 24,47 отсто во 2021 година на 24,24 отсто на крајот на 2022 година.