Црвена Младина: Слободата на жената е знак на социјална слобода

Што е феминизам? За некои е борба за еднаквост, за некои е глупост, за некои е потребна работа во денешното општество, за некои е непотребна работа. Како термин и движење се јавува во доцниот 18-ти век и раниот 19-ти век, додека терминот Феминизам доаѓа од францускиот социјалист Чарлс Фориер. Се јавува како појава за еднакви права на жената со мажот, за еднакви можности и еднаков статус во општеството.

Феминизмот различно се развивал во сите земји. Некаде побрзо некаде поспоро, некаде не се ни развил до ден денес. Иако почнал во индустриските западни капиталистички земји концептот на феминизмот, тој се донел до усовршување во источните социјалистички земји во Европа. Одма после руската револуција и за време на руската граѓанска војна, Владимир Ленин во 1920 година донел закон во кој жената имала еднаков статус со мажот. Таа можела да се разведе кога сакала, абортусот и бил дозволен, стекнала право на глас, право на работа, еднаква работна плата со мажот и еднаква можност да се качувана општествената скала како мажот. Тоа значело дека можела да врши јавна функција, дали во суд во влада дали во собрание, била воведена тотална еднаквост со мажот. Додека феминизмот во западот поспоро се развивал. Жената немала никаков статус во општеството се до кулминацијата на ладната војна.

Кога се спомнува ладната војна, не се мисли на воен натпревар помеѓу Советскиот Сојуз и САД, туку се мисли и на културниот натпревар каде што спаѓала и жената. Западните сили забележале дека животот на жената во источниот блок бил далеку поеманципиран од жената во западниот блок. Жените тоа го знаеле и се приклучувале на најразлични левичарски организации и партии во западните капиталистички држави со што левицата станала доста популарна кај жените.

Лидерите на западните земји плашејќи се од големата популарност на левицата кај жените измислиле нов концепт на феминизам “Либерален Феминизам” кој со текот на времето го компромитирал феминистичкото движење во западните земји. Во 1970 година жената во западот станала рамноправна со мажот во скоро сите свери за разлика од истокот кој бил 50 години пред нив и тука има доста позната вистинска приказана каде што во Југославија доаѓаат западните феминистки да ги еманципираат југословенките. Во нивно изненадување тие дознале дека не биле толку еднакви со мажите во западот. Дознале дека во Југославија жената била еднаквко платена за разлика од жената во западот. Дознале дека и жената можела да стапува во високи позиции за разлика од жената во западот. На крај им се заблагодариле и се вратиле назад во Франција да ги еманципираат жените.

Затоа нашата порака која ја испративме за 8 Март нека служи како потсетник за нераздвојноста на ослободувањето на жената и класната борба. Затоа што овој празник директно ја одбележува и симболизира меѓународната солидарност помеѓу жените пролетери во нивната борба против оковите на патријархатот и на капитализмот.

Статус на Црвена Младина.