Левица – Град Скопје гласаше позитивно за забрзување на процедурата при изградба на детска градинка во општината

  • Соопштение на Левица – Град Скопје

На вчерашната шеста седница на советот на Град Скопје една од точките на дневен ред беше и ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на детска градинка. Со оваа одлука инвеститорот Општина Центар во Скопје се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на детска градинка во населба Пролет на ул. „Мирче Ацев“ б.б. со средства во износ од 712.769,00 денари, за бруто корисна површина од 2.764,94 м2.


За изгласувањето на оваа точка позитивно и во интерес на граѓаните се изјаснија и советниците на Левица, со што се олесни и забрза процедурата граѓаните на општината набрзо да добијат нова градинка за своите деца.