Петров: Во пресрет на барањата од земјоделците, Левица ќе понуди измени во Законот за земјоделство и рурален развој

  • Фејсбук статус на Никола Петров, Координатор на Левица – Земјоделски сектор.

Како координатор на Земјоделски сектор – Левица, деновиве остварив неколку средби и разговори со лица, претседатели на здруженија од областа на земјоделство, сточарство, лозари, оризари, овоштари и други. Најпрво им се заблагодарувам на сите што во искрен разговор со мене ги споделија маките со кои се соочуваат како мои сограѓани и како работници кои живеат од својот сопствен труд.

Иако староновиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, помпезно медиумки од нова година најавува мед и млеко во развојот на земјоделието, прави некои стратегии за во идно време, усогласува некои закони по ЕУ теркови, најавува дигитализација, нов ИПАРД, нова агенција за земјишни парцели,…, преживувањето на земјоделците, како и целокупното производство на храна во државата се доведени во прашање.

Проблемите на земјоделците, сточарите, и другите, освен во висината на субвенциите, трошоците за производство, се лоцираат и во државните служби, како и монополите кај трговците, откупувачите и преработувачите, кои заштитени од партиите на власт, го диктираат откупот и цените на производите.

Левица за да им излезе во пресрет на барањата на земјоделците, ќе понуди законски измени во Законот за земјоделство, измени за кои веруваме дека ќе бидат првиот чекор во понатамошното подобрување на законската регулатива, а се во интерес на заштита и унапредување на земјоделството и производството на храна, односно на тие кои живеат од својот сопствен труд.

Отворени сме за соработка со сите добронамерници од областа на земјоделието, тутунарството, лозаро – овоштарството, сточарството, да заедно работиме и донесеме решенија на задоволство на сите.