Еуростат: За 75% зголемен извозот на отпад од ЕУ во неевропските земји

Европската Унија од 2004 година го зголемила извозот на отпад во неевропските земји за 75%,најмногу во Турција и Индија, додека го намалила увозот во нивните земји за 10%, според Европската Комисија. Најголем дел од отпадот се метали, хартија и пластика.

Во 2020 година, извозот на отпад во неевропските држави достигнал до 32.7 милиони тони, што е зголемување за ¾, односно за 75% во однос на 2004 година.
Од друга страна, увозот на отпад во земјите на ЕУ е намален за 10% во однос на 2004, односно 16 милиони тони.

Турција е најголем увозник на европското ѓубре со 13.7 милиони тони во 2020 година, од кои 11.8 милиони се железо и челик, после неа следува Индија со 2.9 милиони тони. Во последниве години Пакистан е нова дестинација за отпад од ЕУ, со зголемување од 0.1 на 1.4 милиони тони, соопштува Европската Комисија.

Спротивно на ова, Народна Република Кина го намали увозот од рекордни 10.1 во 2009 на 0.6 милиони тони во 2020 година.