Единаесетмина газди на рудник за линит во Берово ќе поделат 132.000 евра дивиденда

Во Македонија може пристојно да се живее и од вадење јаглен. Беровска компанија има 11 акционери кои ќе поделат 132.000 евра дивиденда од нивните акции во рудникот БРИК. Додека пак платата на 14 вработени таму лани била во просек 535 по лице.

Единаесетмина акционери на приватен рудник за јаглен – лигнит од Берово ќе поделат 132.000евра бруто дивиденда од заработката на нивната компанија БРИК во 2022 година. Оваа одлука е објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Беровски БРИК е единствената приватна компанија за ископ на јаглен во Македонија и нејзиното седиште е во Берово, поголемиот од двата градови во Малешевијата регион познат како македонска Швајцарија заради неговото богатство со шуми.

Од официјалните податоци за БРИК Берово достапни во извештајот на независните ревизори за 2022 година пишува дека оваа компанија има вкупно 11 акционери кои поседуваат речиси 99 отсто од акциите на компанијата. Остатокот од 1,2 отсто од акциите со право на глас е во сопствен откуп на беровската компанија и тие се стерилизарни односно, согласно со позитивната законска регулатива, не носат право на глас ниту пак право на дивиденда.

Меѓу овие 11 акционери, има шестмина од кои секој има повеќе од 5 отсто од сите акции со право на глас. Тоа значи дека секој од нив во најлош случај ќе добие околу 6.600 евра бруто дивиденда за своите акции во БРИК.

Беровскиот рудник лани имал одлична година ако се спореди со претходната 2021 година. Неговите приходи од продажба лани изнесуваат 710.000 евра, а речиси 250.000 евра. Од таа добивка повеќе од половина ќе биде исплатена како дивиденда на единаесетмината сопственици на акции.

Интересно е тоа што БРИК лани имал 14 вработени, а за нивните плати во нето износ друштвото потрошило 90.000 евра. Тоа значи дека просечно секој од вработените во оваа мала, но успешна беровска компанија, имал просечна месечна нето плата од околу 535 евра.

И до овде се е добро. Единствен проблем за сите потенцијални инвеститори е тоа што акцијата на БРИК не може да се најде во продажба затоа што нема слободи акции. Сезнае дека нејзината номинална вредност е 51 евро, но не може да се најде податок за нејзината берзанска цена затоа што таа акција одамна не е тргувана на Македонската берза за хартии од вредност.

Преземено од: faktor.mk – Р.Ф.