Калоѓера: Бугарската елита сака да ја симне Македонија од тронот како држава

  • Фејсбук статус на Горан Калоѓера, хрватски славист и македонист, редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека, Хрватска.

Најпрво ги повикувам Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик и Институтот за национална историја да реагираат на изјавите на потпретседателот на бугарската Влада во Битола.

Единствено со г-ѓа Јотова, веројатно така се вика, се согласувам кога вели „нема поубаво шеталиште од битолското“. Останатото што кажа е чиста провокација, дрскост и безобразлук, искрено не верувам дека е толку глупа и лажлива.

Како прво, мислам дека г-ѓа Јотова нема поим што е ренесанса, второ, ренесансата како стилска формација не постоела ниту во бугарската ниту во македонската литература. А да се нарече Битола „центар на бугарската ренесанса“ не е само провокација и дрскост, туку и историска лага.

Госпоѓата очигледно мислела на преродбата, ама и во тоа згрешила. Битола отсекогаш била „конзулски“ толерантен град и таму да се вкорени (почне) бугарска преродба, простете ми тоа е пиздарија од светски размери, како и изјавата за Зборникот дека е дело на бугарските преродбеници.

Нема намера да ја оспорувам глупоста на потпретседателката на бугарската влада, бидејќи нејзината цел е очигледна – како и на целата бугарска елита – да ја симне од тронот Македонија како држава, да ја бугаризира и да уништи се што е македонско.

По ѓаволите, до каде можат да одат овие провокации без да се реагира за нив? Веројатно не сум последниот „мохиканец“ кој ги брани македонските интереси и прашање е до кога ќе го правам тоа. Ако Македонија е веќе толку евтина, ако нејзините политички структури се склони да ја продадат државата за неколку шекели, тогаш направете го тоа, мамицата ваша, да знаеме на што сме. Болен сум како рис и тоа не ми е потребно.