„Пацифистите“ се јавуваат само кога жртвите на долгогодишна опресија ќе пружат отпор

  • Фејсбук статус на Љубомир Чојлиски

„Пацифистите“ и релативизаторите се јавуваат само кога жртвите на долгогодишна опресија ќе пружат отпор.

Од 2014 наваму Донбас е гранатиран, руското население во Украина обесправено, малтретирано и убивано и кога конечно почна СВО во 2022 се јавија гореспомнатите;

Од 1999 наваму повеќе од 200.000 неалбанско население, главно Срби но и речиси сите Роми од Косово и Метохија, е прогонето а оние кои останаа се затворени во енклави каде се обесправени и малтретирани и кога годинава се појави српска паравојска (како некогаш УЧК) се јавија гореспомнатите;

Од 1947 наваму Палестинците се убивани, прогонувани, дискриминирани и што сѐ не ама само кога ќе пружат отпор се јавуваат гореспомнатите;

За Африка да не почнувам…