Денес не си ти заболен од рак, а утре?

Секој ден во Битола се дијагностицира по еден заболен од рак

А колку не се дијагностицираат? Колку не се проверуваат? Битола е град што е во подножјето на национален парк, полн со природа и убавини, а Битола стана лотарија на смртта. Можеш да се надеваш дека денес нема да си ти. Дека денес на друг ќе му соопштат дека има уште шест месеци и мали шанси за преживување кои ќе ги помини во агонија на патот Скопје – Битола и назад затоа што на онкологија Битола нема уште зрачење.

Се разбира има и виновници за тие бројки, за секое семејство и поединец кои врват низ таа голгота и борба со ракот, за сите солзи и болки и погреби од ракот. Јебеш греење, Битола нема ни толку жители за да е важно, јебеш и собраќај, нема ни собраќај. Ама го има РЕК. И има неспособна централна власт и локална власт 3 децении.

Централанта власт и курот ја боли, не се во Битола, нив им треба само струја, умирајте вие. Локалната власт, кои се луѓе од нас е феномен. Ниеден градоначалник, пратеник или функционер од градот не се заложил да се реши состојбата. Додека луѓе умираат. Можеби затоа што не сме ние луѓе за нив, ние сме само гласачи, а мртви можеме да гласаме како сакаат тие. Матер вам јебем од прв до последен.

И на кајот е најниското од човечкиот род, локални партиски активисти кои се заинтересирани за сѐ освен за животот. Би ја бранеле со крв политиката на нивната партија, кога мислат на лошиот воздух само кога се во опозиција затоа што со книшка дишат друг воздух, чии вработувања се преку гробовите на овие кои умреле затоа што тие молчат и само аплаудираат кога ќе им дојде лидерот да ги потапша по рамено. И вас матер вам јаебем, од прв до последен.

Денес не си ти, а утре?


Преземено од ФБ статусот на Божидар Божиновски.