Исмаил: Преку МТВ се шири државната пропаганда на украинскиот режим

Членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил-Хактан, го коментираше интервјуто со амбасадорката на Украина во Скопје, кое, преку емисијата агенда 35, на новинарката Катерина Синадиноска, одеше на државниот јавен сервис. Подолу ви го пренесуваме целиот статус, во кој Исмаил, освен што повикува на професионализам и балансираност, поставува и прашања за амбасадорката на Украина кои, од очигледни причини, воопшто не беа поставени.

Го гледав интревјуто со амбасадорката на Украина кое одеше на државната телевизија на Македонија. Интервјуто воопшто не беше со цел да се информира народот на Македонија во врска со позициите и состојбите како причини за конфликтот, едноставно тоа беше оставање простор за перпетуирање на украинската државна пропаганда преку јавниот сервис на Македонија?!

За да ви доловам за што се можеше да биде прашана амбасадорката на Украина во Скопје, подолу ќе пишам прашања од кои ниту едно не беше поставено. Па каков е тој новинар кој не поставил барем едно од овие прашања:

1. Која е важноста на Степан Бандера поради која е прогласен за национален херој на Украина?

2. Зошто е тргнат споменикот на Екатерина Велика, основачката на градот Одеса?

3. Од која причина, уште од 2014 та година, почнаа да се рушат споменици на советски херои и државници, како на пример на Ленин? Со оглед на тоа што многу од нив, особено Ленин, имаат несомнена заслуга во формирањето на Украинската држава како и за борбата против нацистичките орди во Втората светска војна на териториите на Украина…

4. Какви докази поседувате за “масакарот” во Буча?

5. На 02.мај. 2014 година, во Одеса живи беа запалени 46 анти-Мајдан активисти, кои беа засолнети во зградата на Синдикатот – зошто никогаш не се покрена истрага за овој случај? Дополнително, поради тоа што јавноста и малку знае зошто и како дојде до овој немил настан, оттука, може и да не воведете во причините кои доведоа до тој немил настан – што е “мајдан”, кога и зошто се покрена тоа движење, како настана политичката криза и слично…(историјат на конфликтот).

6. Дали навистина ќерката на рускиот писател Дугин, Дарија Дугина, беше убиена по налог на украинската влада, односно разознавачка служба?

7. Која е целта на бомбардирањето на атомската централа во Запорожје од страна на Украинската армија? Дали тоа е стратешка цел за борба против Руската агресија, и кои се можните последици при евентуален успех во оваа намера на украинските сили?

8. Зошто се забранети сите левичарски партии во Украина?

9. Како ја коментирате употребата на нацистичките симболи и поздрави од страна на украинските војници кои се документирани но и секојдневно видливи па дури не се ни негирани од било која повисока инстанца на украинските власти…?

10. Зошто се прогонува УПЦ (Украинска Православна Црква)?

11. Зошто се забранува учество на руски спортисти на меѓународни натпревари како и конзумација на култура и уметност која доаѓа од Руската Федерација? Колку книги на Руски јазик се уништени во библиотеките ширум Украина?

12. Што Украина исполни од договорите “Минск 1” и “Минск 2”? Што предвидуваа овие договори и кои беа договорните страни? Кои земји беа гарант на договорите?

ОБЈЕКТИВНО НОВИНАРСТВО: На крај, со оглед на тоа што интервјуто одеше од националната телевизија на државава, согласно тоа, очекуваме на темата, во блиска иднина да биде повикан и рускиот амбасадор во Македонија, со цел јавноста да може да ги слушне двете верзии на вистината за да може да донесе и завзема што по објективен став за конфликтот во Украина!