Левица поднесе иницијатива за отворање на дневен центар за лицата со попреченост

  • Соопштение на Левица – Град Скопје

Откако, во согласност со барањата на лицата со попреченост, двајцата пратеници на Левица, во Собранието поднесоа Предлог-измена на Законот за социјална заштита и Предлог-измена на Законот за заштита на децата, советниците од Левица во град Скопје поднесоа Иницијатива за отворање на дневен центар за лицата со попреченост на територијата на град Скопје.

Лицата со попреченост се лица кои што поради специфичната здравствена состојба во која што се наоѓаат имаат потреба од посебен вид на нега и згрижување.
Еден од начините на давање на нега и згрижување на лицата и децата со попреченост е преку отварање на дневни центри за таа намена.

Во Република Македонија, а особено во Град Скопје како населено место со најмногу жители, постоечките капацитети за оваа намена не го даваат потребниот резултат, односно не се доволни за да ги задоволат потребите на сите лица со попреченост на територјата на градот Скопје.

Дополнително, проблемот со постоечките вакви центри е тоа што истите се под надлежност и раководство на невладини организации и поради таа причина тие се надвор од директна контола и управување со ресурсите на Градот. Дополнително, постоечките центри од ваков вид се соочуваат со недостаток стручни и кадровски но и просторни капацитети за реализација на предвидените содржини во самите центри.

Од овие причини, предлагаме отварање на уште еден дневен центар за лица и деца со попреченост на териоријата на градот Скопје, кој што се надеваме дека ќе ги задоволи потребите од дневна грижа на овие лица како и обезбедување на семејна поддршка – соодветни сервисни служби и поддршка за семејствата со член со интелектуална попреченост во местото на живеење но и унапредувањето на квалитетот на живот и нивно вклучување во секој аспект од животот.