Брнабиќ по разговорот со Си Џипинг: „НР Кина никогаш нема да го промени својот став за Косово“

„Разговорот со Си Џинпинг помина добро. Претседателот на НР Кина посочи дека следната година ќе дојде во Србија. Тоа е најважно за нашите граѓани. Потврдивме дека НР Кина никогаш нема да го промени својот став за Косово и Метохија и дека Србија секогаш ќе ја почитува кинеската политика“, – изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по средбата со кинескиот претседател, Си Џинпинг.

Таа констатираше огромно политичко значење на средбата додаде дека граѓаните на Србија може да бидат горди.

За време на нејзината посета на НР Кина, која е само неколку недели по потпишувањето на договорот за слободна трговија, Брнабиќ разговараше и со кинескиот премиер, Ли Кијанг. По оваа средба Брнабиќ изјави дека меѓу Србија и НР Кина нема отворени политички прашања нагласувајќи дека имала срдечен и отворен разговор со Ли Кијанг.

НР Кина уште еднаш ја потврди својата поддршка за принципите на меѓународното право и територијалниот интегритет на Србија, а Србија ја повтори својата поддршка за политиката на една Кина.