Бранителите од Диво Насење ќе добијат споменик по иницијативата од Левица

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Осумте бранители кои ги загубија животите во кумановската населба Диво Насеље при терористичкиот напад што се случи во 2015 година, конечно ќе добијат спомен одбележје на ова место, откако Советот на Општина Куманово ја усвои иницијативата на Левица.

Советниците на СДСМ уште еднаш го покажаа вистинското лице на партијата, која тогаш овој немил настан го злоупотребуваше заради собирање на политички поени и не гласаа „ЗА“ иницијативата да се изгради споменик за оние кои ги изгубија животите во терористичкиот напад.

За жал, Советниците од партиите од т.н. албански блок, уште еднаш ја потврдија својата националистичка реторика и гласаа „Против“ градењето спомен обележје на бранителите, со што уште еднаш покажаа неискреност кон оние што ја бранеа државата во која живеат и општината од чиј буџет добиваат паушали, каде поимот „соживот“ останува само фоскула.

Потсетуваме, иницијативата на Левица со која бранителите од конфликтот во 2001 година се ослободуваат од дел од давачките кон општината се’ уште чека да биде ставена на ред! Останува да видиме дали градоначалникот и останите политички партии ќе ја прифатат истата.

Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ – заслужуваат достоен спомен!

Слава на хероите.