До три години затвор за словачкиот министер кој го поддржа Путин

Поранешниот словачки министер за правда и поранешен претседател на Врховниот суд на оваа земја, Стефан Харабин е обвинет бидејќи ја поддржувал Специјалната воена операција во Украина и претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти обвинителството.

На самиот почеток на Специјалната операција, Харабин на Фејсбук напиша дека „ќе го направи истото како и претседателот на Русија“, а сега е обвинет за клеветење на земјата и народот, како и за „оправдување на злосторството“, изјави Зузана Дробова, портпаролка на обвинителството.

Словачкиот весник „Деник Н“ пишува дека Харабин би можел да добие затворска казна до три години.

Во понеделникот тој рече дека е горд на неговата претходна изјава бидејќи Русија, како што рече, постапила во согласност со меѓународното право. Тој додаде дека Русија има „должност да ги ликвидира сите украински нацисти одговорни за убиството на 14.000 деца, жени и постари лица во Донбас од 2014 година“.

Харабин, инаку многу критичен кон Европската унија, ја извршуваше функцијата министер за правда во владата на премиерот Роберт Фиц од 2006 до 2009 година. Тој беше претседател на Врховниот суд, пред неуспешно да се кандидира за претседателските избори во 2019 година.