Левица: Едно од многуте неостварени ветувања на СДСМ – гасификација на Штип

„Иако уште во 2018 година беше завршена изградбата на регионалната гасоводна мрежа, на територијата на Општина Штип нема ни сантиметар од претходно најавуваните 20 км градски гасоводни линии и поврзување на домаќинствата со гас.

Оваа атрактивна тема очекуваме да биде гламурозно претставена во нивната нова програма за претстојните локални избори, со што повторно ќе се обидат да ќарат предизборни политички поени.

Но, реалната реализација на темата гасификација, со оваа политичка власт нема да стане реалност до 2040 година, а во Штип и понатаму ќе продолжат домаќинствата да се греат на огревни други алтернативни енергенси, кои допринесуваат за загадување на воздухот.

Жителите на Штип ги памтат лагите на СДСМ од претходните избори, затоа нема да дозволат да бидат повторно излажани на овие избори!”– се наведува во реакцијата на Локалниот огранок на Левица – Штип