АктуелноЛокално

Чии џебови се полнат со труење на граѓаните?

По барање на граѓанин, во Лабараторијата при Факултетот за ветеринарна медицина извршено е испитување на домати увезени од Албанија, за кои пред 20-тина дена во ФБ групата „Земјоделие“ се појави статус во кој загрижен и анонимен граѓанин потенцираше дека увезените АЛБАНСКИ ДОМАТИ во Македонија се полни хлорпирофосот –  материја која со закон е забранета поради нејзината голема штетност за човечкото здравје и од тие причини се вратени од Босна и Херцеговина и Црна Гора . Анализата покажува дека има многу голема доза од забранетата материја хлорпирофост во доматите.

По објавениот статус кој достигна неверојатни 1 милион прегледи се јави Агенцијата за храна и ветеринарство со соопштение во кое меѓу другото се вели: „Како одговорна институција за безбедноста на храна, уште поодговорно тврдиме дека ваков таканаречен увоз не е можен, бидејќи пратки со храна, вклучително и со домати кои како небезбедни се вратени од увоз во други земји освен да транзитираат, не смеат да се увезат во државава“.

Но, загрижениот граѓанин, а според АХВ манипулатор, купил домати од спорната пратка на кванташки пазар и истите ги доставил на анализа во државните лаборатории во која граѓаните се’ уште имаат доверба. Човекот најрегуларно си побарал анализа и си добил резултат, кој резултат всушност ги демантира АХВ.

Со влезот на приватните лаборатории за испитување на храната на македонскиот пазар и нивното фаворизирање од страна на АХВ македонските граѓани се доведедени до ситуација во која не знаат што се’  и со каков квалитет се пушта на пазарот. Наместо државните лаборатории да се грижат за квалитетт и безбедноста на храната што ја јадиме, тоа е препуштено на приватни лаборатории со странски капитал кои освен профитот не ги интересира ништо друго.

Уште пострашно е тоа што се зборува, а резултатот потврдува дека има вистина во чаршиските муабети, дека за 100 евра мито по шлепер одговорните замижуваат и ги пропуштаат шлеперите без соодветни анализи. Босна и Црна Гора кои ги вратиле шлеперите се грижат за здравјето на своите граќани, додека кај нас здравјето чини 100 евра во нечиј џеб, ете толку е ефтин животот на македонскиот граѓанин. Изминативе три недели македонските граѓани изедоа 400 тона отровни домати. Хлоропирофостот предизвикува лесна вртоглавица, главоболка, гадење, губење на фокус, тешко дишење….

Ја прашуваме АХВ колку проби и во кои лаборатории направила од споменатите домати?? Уште колку здравствено небезбедни производи се продаваат на нашите пазари?? На кои лаборатории АХВ им го доверува здравјето на македонските граѓани??