Владата на ДУИ\СДС ги остави земјоделците без заштита од град

  • Фејсбук статус на Никола Петров – Координатор на Левица – Земјоделски сектор

Неспособната власт на ДУИ, поддржана од помалиот коалиционен партнер СДС, преку случајниот министер за земјоделство Николовски и Управата за хидрометеоролошки работи, ги оставија на милост и немилост земјоделците и посевите во државата.

После растурањето на успешните градобијните системи инсталирани уште во времето на СФР Југославија, досегашните власти од заштитата од град направија бизнис преку доделување на тендери на приватни фирми кои преку методот на авионско засејување на облаците вршеа заштита од град која се покажа како делумно ефикасна, а во исто време чинеше многу пари.

Левица во својата програма има предвидено ефикасни мерки за заштита на земјоделците и нивните посеви од град преку набавка на модерни и современи системи.