Илјадници Израелци го одржаа годишниот марш со извици „смрт за Арапите“ (видео)

Контроверзниот „Годишен марш под знамиња“ низ муслиманскиот кварт го одржаа илјадници Израелци во Стариот град во Ерусалим , со извици „ смрт за Арапите “. Маршот беше проследен во многу напната атмосвера со инциденти, а имаше и напади врз новинари.

И покрај тоа, митингот помина без поголеми инциденти, пишува The Times of Israel. Пред две години Хамас истрела ракети во Ерусалим за време на маршот, што доведе до 11-дневна војна меѓу Израел и Газа. 

Со „Годишниот марш“ се одбележува израелското заземање на источен Ерусалим во „Шестдневната војна“ во 1967 година кога е заземен и Западниот брег (на реката Јордан) што меѓународната заедница го смета за израелска окупација на палестински територии.

„Годишниот марш“ е традиционален за Израелците и се доживува како демонстрација на моќта на еврејските националисти а провокација за Палестинците со цел да се поткопа нивната поврзаност со Ерусалим .

Последниве години, овие паради се исполнети со говор на омраза и насилство од страна на екстремно десничарските еврејски учесници против Палестинците и нивниот имот. Посебно напнат беше аспектот дека рутата на Маршот под знамињата поминува низ портата на Дамаск и муслиманскиот кварт, кој главно го користат Палестинците.

Различни групи учесници на Маршот тепаа палестински жители и малтретираа новинари . 

Околу 3.000 полицајци, беа распоредени во и околу Стариот град. Полицијата објави дека уапсила 10 лица пред официјалното започнување на собирот.

Демонстрантите фрлаа камења и шишиња врз група странски новинари, меѓу кои и арапски новинари. Во нападот се повредени неколку новинари и фотографи на кои им е укажана лекарска помош.

Уште се свежи настаните од пред месец дена кога Израелските окупаторски сили извршија „рација“ во џамијата Ал-Акса и ги нападнаа исламските верници, пукајќи со шок-бомби и гумени куршуми. Напад беше извршен и во џамијата Ал-Кибли каде што беа тепани верниците со ладно оружје.