Анонимен инвеститор гради во Кисела Вода каде се запали трафостаницата – надлежните не реагираат

  • Прес-конференција на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ

На денешната прес-конференција на Левица, порпаролот Амар Мециновиќ изјави за медиумите дека од партијата се сомневаат дека во Општина Кисела Вода се гради нов објект под сомнителни околности и анонимен инвеститор:

На булеварот „Борис Трајковски” изминатиов период интензивно се изведуваат градежни активности. Токму спроти големата трафостаница, која скоро беше зафатена со пожар, поради кој половина Скопје остана без струја, се гради голем објект од непознат инвеститор.

На градилиштето не е истакнато информативна табла, што е спротивно на Законот за градење – кој предвидува задолжително поставување на информативна табла со име, назив, вид на градба, како и број и датум кога е издадено одобрението за градбата.“

Од Левица прашуваат кои се причините за таинственоста на овој градежен проект. Прашањето било упатено и до актуелниот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски:

Дали постои причина за овие информации не бидат достапни за јавноста? Дали е ова почеток на нова тајна урбанистичка авантура?

Членот на Советот на Општина Кисела Вода од Левица – Донче Мишовски, на изминатата седница на Советот го обелодени овој проблем пред градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и побара инспекциските служби да извршат инспекциски увид. Бидејќи се работи за објект во близина на жици со големо напојување, потребно е итно службите да утврдат дали ваквиот објект е во согласност со Деталниот урбанистички план, дали истиот ги поседува сите потребни документи за градба или можеби, се гради со нечиј амин.”