Бугарија е изворот на говор на омраза во односите со Македонија

  • Реакција на ОМО Илинден Пирин – партија на Македонците во Бугарија која е забранета

Има ли поголем говор на омраза од тој кој секој ден го слушаме од бугарските политичари кон Македонија и Македонците!?

Има ли поголем говор на омраза кога сите до еден бугарски политичари постојано изјавуваат дека не постојат Македонците во Бугарија!

Има ли поголем говор на омраза кога сите бугарски политичари, министри, бивши и сегашни премиери и претседатели, во 21 век изјавуваат дека не постои македонски јазик и го нарекуваат бугарски дијалект!

Има ли поголем говор на омраза кога бугарскиот претседател Радев јавно изјавува дека не смее да се дозволи македонизмот да влезе во ЕУ!

Има ли поголем говор на омраза кога скоро сите бугарски политичари, вклучувајќи го и дворскиот шут Слави Трифунов и последниот премиер Петков почнаа да го користат терминот Северномакедонци!

Има ли поголем говор на омраза од тој на фашизоидните европратеници Џамбаски и Ковачев, на кои секоја реченица им е полна со закани, уцени и силна омраза кон Македонците и се што е македонско!

Како треба да ви одговорат Македонците на тој хитлеровски говор кон нив??? Да не треба погача да ви месиме?

Смрт на фашизмот, слобода на народот!