Левица: Со племенски манири, територијални претензии и никаков соживот нема чекор кон Европа и светот
- Реакција на Левица – ЛО Тетово
Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба.
Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни.
Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила.
Сите функцуонери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков “соживот” не се оди никаде.Се сликате по медиуми и со претставници на Европската заедница, а општеството ви е труло.
Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме.