Бугаризацијата ја продаваат како мулти-култи проект, па во Уставот ќе влегувале и другите етнички заедници

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – Хактан, членот на Президиумот на Левица

Про НАТО-фашистичките ПР администратори бугаризацијата сакаат да ја продадат, меѓу другото, како мулти-култи заокружен проект за Македонија, па освен бугарите, во Уставот ќе влегувале и другите етнички заедници. И сетоа тоа спакувано во розев полуцелофан се шири како смрдеа од здивот на нивните дебело платени гласноговорници кои трубат по сите медиуми и во секоја прилика.

Драги “други етнички заедници” НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ како што се заебавте 2001-ва со ОРД! Нема ништо да добиете, напротив, придушувањето и асимилацијата од албанската (поточно косоварската) политичка култура како последица на ОРД, која дури и емпириски е очебијна, уште повеќе ќе се засили, и уште повеќе ќе ве придуши се до ваше згаснување – вие не постоите надвор од македонскиот народ како нација, вашата култура е спесифично македонска и истата како таква е нераскинлив дел од македонската НАЦИЈА. Затоа, што поскоро стапнете врз ѓаволот/шејтанот и застанете во одбрана, артикулација и промоција на Македонија и македонскиот народ како нација: компактна, рамноправна и суверена како и другите народи нации во светот, вклучително и оние од европа, кои ви се продава како розева иднина преку алузии на вашата бедна сегашност.

Ако ова звучи малку комплексо, барем имајте во предвид дека, системската политичка поделба која ви се наметнува како резултат (и демек во корист) на вашата културна посебност, служи само да ве подели и одалечи од вашиот заеднички економски интерес со другите во искоренувањето на сиромаштијата, стремежот кон социјалната сигурност, еманципација и здравствена заштита и превенција.

Напросто, само погледнетеги убаво елитистите кои грабаат власт и капитал дело-глаголејќи во ваше име: зарем не е јасно дека тие досега никогаш не се воделе од инересите на заедницата која ја представуваат, туку исклучиво ОД личните интереси и ЗА своите лични бенифиции и гротесктни ќефои!?

Длабоко се лажете и за тоа ако мислите дека во нивната приказна има место за вашата традиција, култура и религија! О не, естагфируллах. Зарем секојдневно не сте сведоци во што тоа европската култура се претвара под диктата на англо-саксонскиот метод на “канцел културата” (cancel culture)…?!

БРАТСТВО – ЕДНАКВОСТ – СЛОБОДА