Левица со нов огранок во Кратово

  • Соопштение на Левица – ЛО Кратово.

Вака изгледа еден од најстарите градови на Балканот, град кој би требало да биде препознатлив по својата автентичност како град со богата култура и историја и со тоа да стане препознатлив туристички центар.

Но, поради алчноста и желбата за власт, користејќи ја својата позиција за оствaрување на профит врз грбот на жителите, Кратово денес е препознатлив само по празните улици и трошните куќички.

Младите секојдневно се иселуваат и веќе не гледаат никаква перспектива во градот во кој што нивните родители работат единствено во неколкуте конфекции за минималец. Во градот остануваат да живеат само возрасните и пензионерите. Тие што не работат во конфекциите, работат во околните градови приморани секојдневно да патуваат, некој дури и на сопствен трошок.

Друга алтернатива во градот која што би обезбедила работа за локалното население нема и единствената добропозната власт која владееше со градот никогаш не дозволи поддршка за развој на градот бидејќи профитот и личната корист му беше примарна цел за сметка на бедниот живот на Кратовчани.

Време е со својот борбен дух да им се спротивставиме на партиските профитери од кои само неколкумина имаат бенефит додека сиромаштијата царува во градот.

Дојде време да го вратиме Кратово на Кратовчани. Придружете ни се сите кои сакате ова тридецениско едноумие да заврши!