Рогин: Кинеските хиперсонични крстосувачки ракети се доминантни споредено со американското оружје

Кинеските хиперсонични крстосувачки ракети можат да ги победат американските носачи на авиони и ракетните одбранбени системи, изјави известувачот на „Вашингтон пост“ Џош Рогин. Тој сподели дека тоа го откриваат доверливите документи на Пентагон.

„Потрошивме триесет години градејќи носачи на авиони и ракетна одбрана, а Кинезите направија проектил за 1/100.000 од цената, што го прави сето ова застарено“, рече тој, додавајќи дека е важно луѓето да го знаат тоа.

Како што рече, се чуди зошто тоа се крие и посочи дека треба да се знае многу од она што е во протечените документи бидејќи светот брзо се менува. На прашањето до каде летаат проектилите, Рогин одговори:

„Тие летаат побрзо од звукот и можат да погодат носачи на авиони дури и на Гуам. Нашите носачи на авиони нема да можат да поминат на половина пат преку Пацификот сега ако решат да ги користат тие работи. Тоа е голем проблем. Тие ќе го преземат управувањето додека ние спиеме. Треба да размислуваш однапред, да бидеш пред непријателот, а сега тие се пред нас“, додаде Рогин.

Преземено од: Вечер