Со прислушувањето на Генералниот Секретар САД ја прекрши Повелбата и Конвенцијата на ООН

Организацијата на Обединетите нации официјално изразија загриженост до САД поради извештаите за американско шпионирање на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш и други високи функционери на светската организација.

Портпаролот на ООН, Стефан Дижарик, истакна дека на Американците им било јасно ставено до знаење дека таквите дејствија не се во согласност со обврските на САД наведени во Повелбата на ООН и Конвенцијата на ООН за привилегии и имунитети, пренесе „Ројтерс“.

Претходно беше наведено дека некои од документите од извештајот покажуваат како Вашингтон внимателно го следел Гутереш, а неколку од нив ја опишале и приватната комуникација меѓу првиот човек на ООН и неговиот заменик, пренесува Би-Би-Си.