За бадминтон – 260.000 евра, за програмерите и математичарите – ич?!

Моето учество на средношколските интернационални олимпијади по информатика беше условено од (1) мојот успешен пласман во најдобрите 4ца во Македонија и (2) моето успешно наоѓање на спонзори кои ќе го покријат мојот пат до местото на одржување на олимпијадата.

Три години по ред го задоволив првиот услов. Првата година, олимпијадата се одржуваше во Канада, каде што летот кошташе над 1000 евра. Втората година, олимпијадата се одржуваше во Тајланд. Летот повторно кошташе над 1000 евра. Третата година, за среќа, олимпијадата беше во Италија, каде што летот беше поефтин.

Секоја година јас, моето семејство и останатите пласирани натпреварувачи одевме по пријатели и фирми да се мољакаме да ни го покријат патувањето. Ако не успеевме, некој друг ќе идеше наместо нас – некој што можеше да плати или да најде некој да го спонзорира. Ова патешествие го поминуваат 4 средношколци секоја година. Уште 6 го поминуваат истото за олимпијадите по математика. Дополнително има и трошоци за балканијади по информатика и математика.

Овој втор услов за учество лесно можеже да се елиминира ако државата одделеше по 2-3 илјади евра годишно за информатичарите и 3-4 илјади евра годишно за математичарите (ќе се погоди некој година да е олимпијадата блиску, па ќе се чуваат парите за кога ќе биде далеку).

Ама, наместо тоа, државата двои 260,000 евра за бадминтон во задњите 9 години. И тоа сигурно не е перење пари, туку е бидејќи бадминтонот цвета во Македонија и сите го пратат, и е многу поважен од развојот на информатиката и математиката.

ФБ статус на Јован Крајевски, член на Призидиумот на Левица

Моето учество на средношколските интернационални олимпијади по информатика беше условено од (1) мојот успешен пласман во…

Публикувахте от Jovan Krajevski в Петък, 6 декември 2019 г.