Украина ја одложува пролетната контраофанзива до лето

По обелоденувањето на доверливите документи, за кои Пентагон потврди дека се „веродостојни“, украинските власти најавуваат одложување на пролетната контраофанзива против руската армија до лето.

„Сите наши пријатели и партнери јасно разбираат дека за контраофанзива треба да бидете 100 отсто подготвени, па дури и повеќе од тоа“, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал, кој е во посета на Вашингтон.

Една од најголемите светски теми се документите кои протекоа од Пентагон, а кои содржат детали за плановите на украинската армија за контранапад, но и за тоа како Американците ги прислушувале своите сојузници.

Украинските борци се враќаат по тешките борби во околината на Бахмут
Што содржат тајните документи

Некои медиуми вклучително и Би-Би-Си, имаа пристап до некои од документите и ги обелоденија.

Во документите е наведено кога украинските единици би можеле да бидат подготвени и детално е наведено количеството тенкови, оклопни возила и оружје испорачано на Украина од страна на западните сојузници.

Една карта ги прикажува условите на теренот низ источна Украина и како тие се менуваат во текот на пролетта.

Документ подготвен на почетокот на февруари, открива сомнежи за шансите на Киев да успее во планираната контраофанзива, наведувајќи дека проблемите во собирањето и одржувањето на доволна воена моќ може да доведат до „скромен напредок“ во освојувањето територии за време на оваа операција, пишува Вашингтон пост.

Друг документ, датиран на 23 март, укажува на присуство на мал број западни специјални сили кои моментално оперираат во Украина, без да се прецизираат нивните конкретни задачи. Според овие податоци, Велика Британија има 50 оперативци, Летонија 17, Франција 15, Америка 14, додека Холандија има само еден.

Друг документ укажуваше на тешкотијата на Киев во системот за противвоздушна одбрана со предупредување дека украинската војска може да биде без витални проектили.

Во весниците се наведени и бројот на жртвите. Еден од нив открива дека 223.000 руски војници биле убиени или ранети, како и 131.000 Украинци.

Некои украински официјални лица ги отфрлија податоците како погрешни, тврдејќи дека тоа е производ на руска кампања за дезинформација.