(Видео) Крмов: Законите за „Бехтел и Енка” не можат да поминат без амин на ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција на пратеникот Борислав КРМОВ по повод скандалозните предлог-закони за изградбата на Коридорот 8

„Со предложените закони за конзорциумот „Бехтел и Енка”, влегуваме во корпоративен ФЕУДАЛИЗАМ, каде што за корпорациите не важат законите, туку тие ќе важат само за обичните смртници.

Ние со два пратеника ќе дадеме сè од себе ова да го СПРЕЧИМЕ со сите расположливи средства што ги имаме. Комиисите каде се расправа по овие предлог-закони, три од комисиите ги раководи опозицијата. Ако нешто помине, ќе помине затоа што најголемата опозициска партија сака да помине. Да не ја лажат јавноста дека не може да се спречи.

Според наши информации, власта ќе се обиде да ни ги групира амандманите и да ја туркаат говорницата на сила, можеби ќе се обидат да одземат збор. Јас моето уставно право како пратеник ќе го БРАНАМ, макар и физички“.