11 години непребол од убиствата кај Смилковско езеро

  • Објава на Левица – ЛО Бутел

Денеска се навршуваат единаесет години од едно од најгрозоморните убиства во историјата на Република Македонија. На 12 април 2012 година на Велики Четврток пред христијанскиот празник Велигден беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско езеро, во атарот на село Смилковци, Скопје.

Убиени беа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани и Борче Стефковски од селото Црешево.

За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“ за кој имаше пресуда, но за жал и политичка манипулација каде одредени политичари си поигруваа со чуствата на семејствата на убиените и јавноста. На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.

Слава им!