Како “добрососедската” Бугарија за само 10 дена успеа да деградира и дискриминира 4 различни народи, 3 земји и милиони граѓани

Вести за “добрососедската” земја Бугарија и како таа гради добрососедски односи со Балканските држави:

27 јули 2023 – со Албанците и Македонците во Македонија

Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи.За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и слична реторика, да не ни споменуваме.

2 август 2023 – со Македонија

Во присуство на највисокото претставништво на државата, јавно на ТВ повторно и после 150-тина години со тешка дискриминаторна реторика, јавно искажани територијални претензии и нималку добрососедски став го обележаа Илинден, како празник на бугарското востание, па и манипулирајќи го името со нивната измислица за некакво си Илинденско-Преображенско Востание и претставувајќи го како востание на Бугари.

3 август 2023 – со Србија

Нивната политика на дискриминација ја свртеа кон Србија, на која исто така и го дискриминираат српското малцинство во Бугарија и го декларираат како непостоечко. На тоа веднаш добија одговор од Ивица Дачиќ дека и бугарското малцинство кое изнесува само 0,29% во Србија нема да биде признаено.

5 август 2023 – со Грција

Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат. Па така пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен бугарин го одстранил грчкото знаме од јарбол и поставил бугарско извикувајќи “Тоа е Бугарија!” Полицијата соопштила дека сторителот и е познат и од претходни прекршоци и истиот бил однесен на распит во Драма.

Заклучок: за само 10 дена, успеаа да деградираат и дискриминираат 4 различни народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и Грција.