Начинот на собирање потписи „за неколку часа“ е подбивање со партиципативната демократија

Од најголемите политички партии во Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека за само неколку часа собрале по 10.000 потписи за своите претседателски кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.

Од извештаите на теренот воочливо беше организираното излегување на членството и на двете партии, со што набрзина беа собрани потписите.

На ваквиот начин на собирање потписи, реагираше кандидатката на Левица, Билјана Ванковска.

-Целта не ги оправдува средствата, а начинот на собирање потписи „за неколку часа“ е подбивање со партиципативната демократија. Тоа е доказ за владеење на партократијата, а не на народот. Ако ви се допаѓа, тогаш – ништо, истакна таа.