Апасиев: Следува бојкот на огласувачите на Канал 5

Од сите куртон-медиуми, само Канал 5 продужува упорно со вмроидната хајка против Левица, вели лидерот на партијата Димитар апасиев.

– Нејзиниот директор Иван Мирчевски – груевистичкиот слуга кој гасеше струја у студио, ги вади своите фрустрации оти му го блокиравме Законот за поткуп на медиуми, кој си го смета за негов проект. Епа, директоре. Чим бараш војна, ќе добиеш војна! Левица ќе го возврати ударот и ќе те удри таму кај што те боли највеќе, по паричките, истакна тој.

Апасиев најави дека наскоро ќе започне организацијата на бојкотот, на сите огласувачи на Канал 5.

– Од оваа недела ќе започнеме системски организирана кампања на бојкотирање на сите производи и фирми кои се рекламираат на оваа куртонска и непрофесионална телевизија!!! Со слики, со имиња, со брендови, со сè Имаме дисциплинирано многуилјадно членство и електорат кој надминува неколку стотитици илјади граѓани. Па ќе видиме на крајот кој ќе се смее најслатко, директоре. Кривичната за објавување доверливи записници ќе ти биде гратис, од мене – заклучи Апсиев.