Бојкотираната серија за Кочо Рацин ќе ја дочека својата премиера после 7 години

„Црвениот Поет“ е мини-серија во македонска продукција за револуционерот, истакнат комунист и поет, Коста Солев Рацин. Серијата заврши со снимање во 2016 година, но, иако таа го помина и процесот на пост-продукција и истата е подготвена за емитување, веќе неколку годни по реде практично е забранета за емитување во јавноста.

Во серијата Кочо Рацин не е претставен само како заљубен поет, туку, се обрнува големо внимание на неговите револуционерни идеи и активности во тогашното комунистичко движење, што веројатно е главната причина поради која не е дозволено серијата да биде емитувана во јавноста. Својата премиера „Црвениот поет“ ја чека уште од 2016 година.

Серијата „Црениот Поет“ е финансирана од Агенција за Филм при Министерството за Култура, и за сето тоа даночните обврзници платиле 23 милиони денари. Проектот уживаше поддршка дури и од самата (тогашна) министерка за култура, Канческа-Милевска.

Општина Велес ги откупила авторските права за ТВ-серијата „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин и ќе биде прикажана во рамките на 60. Рацинови средби, кои ќе се одржат од 9 до 15 јуни. Прикажувањето на серијата ќе се одвива од понеделник до 14 јуни на отворено во вечерните часови.

„Серијата е во продукција на ‘Сектор филм’, сценариото е на Сашко Насев, режијата на Никола Поповски. Прикажувањето ќе биде во амфитеатарот во Младинскиот парк и е бесплатно и достапно за сите граѓани“, кажа Александра Андреева од локалната власт на Велес.