Изложба: “Коцкоглави” во КИЦ

На 09 јуни со почеток од 19:30 часот во Културно информативен центар – Скопје, Сала Империјал 2 ке се отвори самостојната изложба на слики и објекти “Коцкоглави”  на Андреј Марјановиќ.

Неговата втора самостојна изложба “Коцкоглави”  е инспирирана од урбаната средина,од културата на уличната уметност и нејзиниот израз и стил: боени скулптури од дрвени греди и слики на платно.

Како своевидни тотеми на уличната уметност,скулптурите на “Коцкоглави”   се ликови што секојдневно се среќаваат во градот и популарната култура: скејтер,цртач на графити,хакер, тапанар, панкер, полицаец, политичар, баба, дедо, сомнителен лик….

Андреј Марјановиќ е графичар, ликовен уметник кој работи мултимедиум  и разни класични техники (сликарство, скулптура,цртеж), но твори и како графити-уметник под разни псевдоними (НДРЈ, ЧКЉ Кру, Право гето) од почетокот на графити-културата во Скопје и работи електронска музика под неколку псевдоними (NDRJ, Partybreking Inc., Кисела куќа). Уметноста ја применува и во својата професионална работа со брендирање,графички дизајн, веб-дизајн, фотографија, продукција на анимирани содржини, видео и аудиопродукција.

Изложбата ќе биде отворена до 19.6.2023