Апасиев: Државата им поклонува на банките 41 милион евра годишно

  • Фејсбук статус на Димитар Апасиев, пратеник во Собранието на Република Македонија и претседател на Политичката партија Левица.

„Ај вака, најпластично, да објасниме како власта им помага на ЛИХВОБАНКАРИТЕ да го крадат народот…


Секаде во ЕУ, на имe осигурување депозити, се плаќа премија од најмалку 0,8% (а во Хрватска на пример е дури 2,5%) од вкупните депозити на правните и физичките лица. Но, кај нас, некои шупаци од Фонд за осигурување на депозити одлучиле да им наплаќаат на банките само 0,25% премија (т.е. десет пати помалку).

Или, да не тупам со проценти, еве ви пример: во Македонија има приближно 7,5 милијадри ЕУР депозити. Ако државниот Фонд наплаќа на законскиот максимум, ќе прибере околу 53 милиони ЕУР од банките. Но, Фондот наплаќа на минимум и прибрал само 12 милиони ЕУР!? Значи, дури 41 милион ЕУР годишно државата буквално им ги поклонува на банките!

Само за потсетување – ова е сума поскапа од трошоците за изградба на Клиничката болница во Штип! Значи, ако државата им наплаќа на банкарите онолку колку што треба, можеме секоја година, во секој поголем град да направиме по една џилит нова, супер модерна болница. Но, не. Подобро е да подмитиш пет души од управниот одбор и да ти изгласаат минимум премиичка, за да го цедиш народот.

p.s. А Гувернерката и Народна банка се праат на Тошо, ко да се од друга планета!“